Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два македонски града се на чекор да се ослободат од коронавирусот

Два македонски града се на чекор да се ослободат од коронавирусот

Два македонски града се на чекор да се ослободат од коронавирусот како што тоа се случи со Дојран, каде нема активни случаи. 

Станува збор за Македонски Брод каде има само 1, и Пехчево каде бројот на активни падна на 2. Демир Капија има 3 активни случаи на коронавирусот. Во малите места се намали бројот на активни случаи на ковид, но и генерално во Македонија  бројот на заболени опаѓа. 

Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.

За 24 часа во земјава има 14 починати и 62 нови случаи. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести