Два македонски града имаат по 5 активни случаи на коронавирусот
Во два македонски града има по 5 активни случаи на коронавирусот.
Станува збор за Дојран и Кратово. Македонска Каменица има 13, а Пехчево 15 активни случаи, додека Македонски Брод има 17 активни. Демир Капија и Пробиштип имаат по 20 активни. Валандово има 30, Берово 31, а Дебар 32 активни. Во главниот град има најголем број, односно 6.124 активни случаи. Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, имаат висок број на заразени.
Досега во Македонија се направени вкупно 726.409 тестирања на коронавирусот.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица кај нас од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169.foto freepik
Слично
