Два града во Источна Македонија се тркаат по загаденост со Скопје
Најголема концентрација на ПМ честички вечерва има во Струмица.
Кочани и Струмица вечерва се многу високо загадени како и Скопје, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина.
Куманово е високо загадено, а потоа следи Тетово и Битола кои се средно загадени.
Дебар, Велес и Кавадарци се ниско загадени, а многу ниско е загаден Гостивар.
Во светот вечерва Скопје е 7 најзагаден град.

Во Центар вечерва има 110 ПМ на 100 микрограми, во Карпош 144, во Бутел 113, 167 Ректорат, во Кочани 131, во Струмица 171 ПМ.
Слично
