Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два дена пожари беснеат над Скопска Црна Гора-опасна огнена стихија се шири во повеќе краеви на земјава

Два дена пожари беснеат над Скопска Црна Гора-опасна огнена стихија се шири во повеќе краеви на земјава

Ширум земјава на неколку локации беснеат пожари.

Веќе два дена пламени јазли голтаат шума и дрва на  околу 500 хектари во Скопска Црна Гора а интензитетот расте.

Засега околните куќи и луѓе не се во опасност , но гаснењето на шумата која е во пламен им оди тешко на противпожарните служби поради непристапноста на теренот .

Пожарот во Скопска Црна Гора сепак не е единствен.

Огнената стихија ги мачи и пожарникарите во липковскиот планински крај а пожарот таму избувнал вчера. Гори и на Голак. Вчера попладне таму почнала да гори борова шума, а состојбата таму е критична бидејќи пожарот  е потпален од неколку страни и се проширил и кон Пехчево и Берово.

Пламени јазли имаше и во Вевчани.

Слично

Поврзани вести