Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два далекуводи во дефект остави дел од Скопје без струја

Два далекуводи во дефект остави дел од Скопје без струја

Поради дефект на два 110кВ далекуводи, предизвикан од краткото невреме, остави делови од Скопје без електрично напојување. 

Според ЕВН Електродистрибуција, предизвикани се сериозни проблеми во дистрибутивната мрежа, поради силните ветрови и обилните дождови, кои што ја погодиле инфраструктурата.

„Засилени екипи на Електродистрибуција се на терен и работат на санација на штетите. Во моментот, два 110кВ далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците “Аеродром” и “Исток” се без напон. Се очекува екипите да работат непрекинато до целосно нормализирање на состојбата“, информираат од таму.

Граѓаните се замолуваат за трпение и разбирање додека се преземаат мерките за поправка на оштетените делови на мрежата. Електродистрибуција уверува дека прават се што е во нивна моќ за што побрзо враќање на снабдувањето со електрична енергија.


Слично

Поврзани вести