Економија, финансии, бизнис

Контакт

Два авиони на Визер не слетаа во Скопје - пренасочени поради невремето

Два авиони на Визер не слетаа во Скопје - пренасочени поради невремето

Два патнички авиони на нискобуџетната компанија Визер поради силното невреме не можеа да слетаат во Скопје. Летот од Боденсе е пренасочен кон Софија. Вториот лет на Визер од аеродромот во Бергамо исто така е пренасочен но, патниците сепак ќе слетаат во Македонија на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. 

Сите останати летови кои беа закажани за денес претходно успешно го завршија патувањето на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Авионите на Визер кон Хамбур и Хановер кои треба да полетаат од Скопје засега се приземјени и летовите се откажани за 1 час додека не се расчисти невремето, но можно е патниците наскоро да добијат „зелено“ светло.

Слично

Поврзани вести