Економија, финансии, бизнис

Контакт

Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол

Душко Арсовски повеќе нема да биде владин портпарол

Душко Арсовски ја напушти функцијата портпарол на Владата.

„Душко Арсовски денеска го завршува својот ангажман како портпарол, на негово барање и ќе продолжи со друг предизвик во својата професионална кариера“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Рече дека Арсовски две и пол години функционираше  професионално и е заслужен за оценката за најтранспарентна институција во државата. 

Арсовски за портпарол на Владата е именуван на 13 октомври 2020 година на владина седница, откако претходно долги години работеше како новинар и уредник во Македонската радио-телевизија (МРТ).

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести