Економија, финансии, бизнис

Контакт

Душица Мрѓа: Тие што упаднаа маскирани во Собрание знаеја каде одат и кој каде да го најдат

Душица Мрѓа: Тие што упаднаа маскирани во Собрание знаеја каде одат и кој каде да го најдат

Новинарската екипа на Телевизија 24 вести која се најде на местото на нападот во Собрание безбедно е евакуирана.

Новинарките Душица Мрѓа и Наташа Стојановска раскажуваа што виделе и доживеале на веќе поминатиот Црн четврток.

Мрѓа со јавноста го сподели впечатокот кој и го оставиле демонстрантите кои упаднаа во Законодавниот дом.

„Впечатокот што ми го оставија и она што јас го видов е дека оние кои имаа маски на глава, беа облечени во црни кошули и кои упаднаа насилно во Собранието убаво знаеја каде одат, што прават. Знаеја кој каде да го најдат и каде да влегуваат“, рече таа по враќањето во телевизија во полноќниот дневник на ТВ24.

Taa вели дека она што се случило во Собранието денеска е преседан.

Душица открива дека пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев стоел како жив штит да ги одбрани пратениците кон кои се упатија насилниците .Тој помогнал заедно со Никола Тодоров повредените да се изнесат маскирани во полицајци за да можат да се префрлат на клиника.

Слично

Поврзани вести