ДУШАН ПЕЦОВСКИ ПОВТОРНО КУПИ АКЦИИ ОД РЕПЛЕК - Генералниот директор ја засилува својата позиција
Генералниот директор на фармацевтската компанија Реплек се „поднови“ со нови акции од компанијата.
Како што е објавено на Македонска берза, направено е ново тргување со акциите на фарамцевтската компанија Реплек, при што претседателот на Управниот одбор, вооедно и Генерален директор на компанијата, Душан Пецовски си купи нови акции, со што ја засилува својата позиција во компанијата.
Според објавата споделена на Македонска берза, Пецовски во текот на вчерашниот ден купил нови 25 акции од Реплек. Со овој чекор, Пецовски го зголемил бројот на акции кои ги поседува, но и уделот во вкупниот процент на акции.
На почетокот на месец март, Пецовски купи 20 акции од компанијата.
Со новокупените акции, сега Пецовски поседува вкупно 31.950 или 12,33 отсто од вкупниот број на акции
Инаку тргувањето со акциите на Реплек зачести изминатиот период, при што честопати има новина во објавите на берза.
