Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците oд Македонија

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците oд Македонија

Министерот за економија и труд, кој доаѓа од редовите на ВЛЕН, Бесар Дуршими вели оти уставната обврска на Албанија е да се грижи за своите сонародници.

Дурмиши жестоко реагираше на наводната изјава на шефот на албанската дипломатија Ферид Хоџа, во која тој во групна комуникација на апликацијата „Вацап“ ги навредува Албанците од Македонија нарекувајќи ги „идиоти“.

На социјалните мрежи, Дурмиши синоќа напиша оти официјална Тирана итно треба да ја објасни скандалозната и разочарувачка реторика употребена кон Албанците кои живеат во Маедонија. За Дурмиши, потегот на Хоџа е крајно неприфатлив и спротивен на секаков етнички и професионален кодекс за еден државен претставник.

„Албанија има уставна обврска да се грижи за своите сонародници кои живеат надвор од границите на земјата. Албанците од Северна Македонија не се соседи на омилениот официјален проект на Тирана „Отворен Балкан“, туку интегрален дел од националниот корпус“, напиша Дурмиши.


Дурмиши изрази отворено разочарување и од однесувањето на албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Мејдани, велејќи дека наместо да реагира на ваквиот навредлив речник и да ги заштити интересите на своите сонародници, тој одбрал да молчи.

За оваа изјава детали вчера објавија албанските медиуми. 

фото Фејсбук/Бесар Дурмиши

Слично

Поврзани вести