Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУРЛОВСКИ ПО ОДЛУКАТА НА АПЕЛАЦИЈА: Нека моето денес за неправедно осудените биде утре

ДУРЛОВСКИ ПО ОДЛУКАТА  НА АПЕЛАЦИЈА: Нека моето денес за неправедно осудените  биде утре

Oперскиот пејач Игор Дурловски на својот Фејсбук профил напиша дека конечна слобода ќе биде кога сите неправедно осудени ќе бидат надвор. 

Ова се однесува за одлуката на Апелациониот суд кој ги намали казните на осудените за настаните од 27 април. 

„Мојата ќе почнам да ја живеам од денес. Ти благодарам Господе, благодарам на моите најблиски и сите поддржувачи. Нека моето денес за неправедно осудените  биде утре. Да живее Македонија“, напиша Дурловски.


Aпелациониот суд ја потврди и ослободителната пресуда за оперскиот пејач Игор Дурловски и покрај тоа што обвинителството се жалеше. Преиначена е пресудата на Митко Чавков кој наместо првичните 18 ќе одлежи 16 години в затвор. Влатко Трајковски и Никола Митревски – Кољо се осудуваат на казна затвор во траење од по 14 години, а првостепено беа осудени на по 15 години. На по 13 години затвор се осудуваат и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски – Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто и Вилијам Михајловски на кои првостепените казни им биле по 15 години освен на Михајловски 14.

Оливер Поповски,  Младен Додевски, Горанче Анѓеловски и Игор Југ се осудуваат на казна затвор во траење од по 11 години и нив казната им е намалена за една до две години. Обвинетиот Оливер Радулов се осудува на казна затвор во траење од девет години, а претходно добил 10 годишна затворска казна. 

Александар Василевски Нинџа се осудува на казна затвор во траење од седум години  и нему првичната пресуда му е намалена на една година, а истото е и со Абдуљфета Алими кој сега е осуден на шест годишна затворска казна. 

Слично

Поврзани вести