Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дурловски нема да биде повеќе организатор на протести - зошто се откажува?

Дурловски нема да биде повеќе организатор на протести - зошто се откажува?

Игор Дурловски, директор на МОБ и еден од организаторите на протестите на иницијативата ,,За заедничка Македонија’’ кој што заедно со Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски ги предводеше протестите нема повеќе да биде организатор. 

Тој објаснува дека е горд на 60 дена мирни протести, но го погодиле напади од дел од негови сограѓани, поради различните ставови за состојбата во Македонија.

Дурловски утрово на својот Фејсбук профил, напиша дека народот и без него како организатор на протестите, знае за што се залага.

„Верував дека со моето делување ќе можам нешто да променам, дека ќе успееме да ја зачуваме Македонија таква каква што ја знаеме – унитарна! Жал ми е што индиректно бев дел од насилството кое неколку пати јавно го осудив. Стотиците закани не ме уплашија, но тоа што ме скрши е што дел од моите сограѓани брутално ме напаѓаа поради разликите во ставовите за иднината на Македонија. Тие што ме познаваат знаат дека моите намери се чесни и од срце. Само времето може да покаже дали биле правилни“ - напиша Дурловски. 

ПЦЕР утрово побара тие да бидат уапсени, затоа што не е во ред организаторите на протестите  да се шетаат на слобода, а тепаните пратеници да се лечат по болници. 

Слично

Поврзани вести