Дурловски: Милост не барам, само ПРАВДА!
Преку социјалните мрежи оперскиот пејач Игор Дурловски после една година од притворот кој му беше одреден поради обвинение за толпата која на 27 април упадна во Собрание, се сеќава на таа ноќ.
Преку статусот на Фејсбук тој пишува и за актуелното помирување на власта и опозицијата и наведува дека Христијански е да се прости а Простувањето е највисокиот чин на моралните.
„Треба ли да им простат на стотиците луѓе кои искрено ми пристапуваат, ме прегрнуваат, се фотографираат со мене на улица, ми даваат поддршка да истраам во овие премрежија...или треба да им простам на тие кои со злокобна радост и лиги ги читаат гнасните обвиненија за мене и други, жедни за крв и одмазда, омраза кон замислен душман, потсвесно конструиран лик кој треба да ја надокнади нивната немоќ да се соочат со реалноста? Милост не барам, само ПРАВДА!“ - пишува Дурловски.
Целиот статус читајте го тука.
