Дурловска: Верувавме во слободната мисла
Ана Дурловска за австрискиот Клеине Зајтунг даде прво интервју во кое посочува дека нејзиниот сопруг Игор Дурловски не е виновен бидејќи тој си ја сакал државата и мирно протестирал. Операската певица и сопруга на осомничениот за тероризам оперски певец, Игор Дурловски, по претставата во „Ариоданте’’ во државната опера во Штутгард се пожалила дека во Македонија луѓето се плашат, не постои владеење на правото и слобода на печатот.
„Сигурна сум дека тој е невин’’ – изјавила Дурловски.
Исто така, таа раскажала како Игор бил приведен од страна на 15 униформирани лица, во шест часот наутро пред нивниот најстар син.
„Адвокатите зборуваат за политички прогон. Конкретни обвинувања, па дури и докази против Игор, не постојат досега“ – ги пренесува изјавите на певицата медиумот.
„Многу луѓе од Македонија сакаат на запад, но пред две години ние се одлучивме на спротивен чекор, затоа што сакавме да работиме со искуството стекнато во Германија во нашата земја. Можеби поради годините поминати на запад, верувавме во слободна мисла и премногу си ги отворивме устите3“ – изјавила Дурловски.
Основниот суд Скопје 1 на барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на Игор Дурловски му одреди 30 дена притвор.
