Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дури и главите си ги пикаат во болничката соба: Како семејствата контактитираат со своите блиски во модуларната болница на Инфективна

Дури и главите си ги пикаат во болничката соба: Како семејствата контактитираат со своите блиски во модуларната болница на Инфективна

Фотографката Абнора Мемети сподели фотографија на нејзиниот профил на Фејсбук со коменатар: „Патиме од несовесноста!“

Имено, фотографијата е направена пред модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и се гледа како пациенти болни од ковид си разговараат со членови на нивните семејства. Авторката на фотографијата во продолжение пишува:

-Надвор сончев убав ден, а пациентите од мобилната болница си ги отвориле прозорите за луфтирање. Бидејќи прозорите на оваа привремена болница се ниски, членовите на семејствата на заразените пациенти го искористуваат ова можност за посета.
Седев три часа пред Инфективна, и не знам колку групи на семејства дојдоа за посета пред прозорот, билску еден до друг си прават муабет, маска под нос, дури и главата си ја пикаат внатре за да видат како изгледа болницата. При чекање надвор ја сретнав една сестра на пауза, ми раскажуваше колку е уморна, и коку многу работа имаат. Ја прашав дали е во ред ова што го прават пациентите, ми одговори дека не успеваат да држат све под контрола, и дека ова е однос на несовесни пациенти и семејства, пишува Мемети.


Слично

Поврзани вести