ДУРИ 97 НЕПРИЈАВЕНИ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ НА ГРАДИЛИШТЕ ВО ТУРСКА ФИРМА - Полицијата ги затекна на лице место и ќе поднесе пријави
Денеска полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ - МВР спровеле контрола на градежни објекти на фирма од Република Турција помеѓу бул.„Кирил и Методиј“ и ул.„Јордан Мијалков“ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија.
„Притоа, на објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени.
Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата и против 15 други фирми-подизведувачи“, се вели во соопштението од МВР.
Инаку, најголемо градилиште во тој реон од главниот град е она на турската компанија „Лимак“.
Таа кај старата железничка станица треба да изгради подземна сообраќајница и голем станбено деловен комплекс со четири 20 катници.
