Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУРИ 60 КАЗНИ ЗА ОПЕРАТОРИТЕ НА ХРАНА, ЌЕ ПЛАТАТ 33 ИЛЈАДИ ЕВРА: инспекторите од АХВ најдоа храна со поминат рок

ДУРИ 60 КАЗНИ ЗА ОПЕРАТОРИТЕ НА ХРАНА, ЌЕ ПЛАТАТ 33 ИЛЈАДИ ЕВРА: инспекторите од АХВ најдоа храна со поминат рок

Откриена е небезбедна храна и храна со поминат рок, како и несоодветно складирање и слектирање на храната со контролите кои деновиве ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство. 

Од АХВ соопштуваат дека во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби, со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна. 

Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна, соопштуваат од АХВ. 

- На територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ.

Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија - се појаснува во нивното соопштение. 

Додаваат дека со спроведените контроли и утврдените недоследности изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за операторите и одговорните лица во нив. 

Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности. Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезнедна храна, од кои 567 килограми производи од месо.

- Апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. 

Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура - се наглаасува на крајот од соопштението на АХВ. 

Слично

Поврзани вести