Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУРИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА - за само две недели Фондот преку банките се раздoлжи кон три четвртини од штедачите на Еуростандард

ДУРИ 50 МИЛИОНИ ЕВРА - за само две недели Фондот преку банките се раздoлжи кон три четвртини од штедачите на Еуростандард

Фондот за осигурување на депозити ја информира јавноста дека по двонеделен период од почетокот на исплатата на обесштетувањето на депонентите на Еуростандард банка во стечај со право на обесштетување, исплатата, како што велат, се одвива одлично и без поголеми пречки во однос кон депонентите.

До денес се исплатени  три милијарди денари или близу 50 милиони евра, односно точно 48,7 милиони евра, што претставува близу 72 отсто од вкупно дозначените средства од Фондот кон четирите деловни банки преку кои се врши исплата на обесштетување.

„Сето ова укажува дека исплатата на обесштетувањето се врши со релативно брза динамика и близу  три четвртини од средствата на депонентите на  Еуростандард банка во стечај со право на обесштетување, се обесштетени“, велат од Фондот.

Обесштетувањето, нагласуваат, на наследниците според наследни решенија исто така се одвива непречено преку Фондот за осигурување на депозити. 

„Наследниците ја доставуваат целокупната документација по електронски пат до Фондот, по што Фондот изготвува потврди за обесштетување на депоненти и врши директна исплата на наследниците од сметката на Фондот“, нагласуваат од Фондот.

Слично

Поврзани вести