Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дури 475 хоспитализирани - толку се борат со короната во болниците во земјава

Дури 475 хоспитализирани - толку се борат со короната во болниците во земјава

Во моментов во болниците во земјава има 475 хоспитализирани граѓани. 

Најголемиот број од нив се на Инфективна клиника. 

Нема информации дали се примени пациенти во модуларната болница.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Слично

Поврзани вести