Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дури 47 отсто од граѓаните на една европска земја се против Македонија да влезе во ЕУ

Дури 47 отсто од граѓаните на една европска земја се против Македонија да влезе во ЕУ

Австријците се против проширување на Европската Унија(ЕУ). 

Резултатите од најновата анкета на Австриското друштво за европска политика (ОГфЕ) покажуваат дека Австријците се против членството земјите од Западен Балкан во Европска Унија. Дваесет и еден процент од испитаниците изјавиле дека го поддржуваат членството на Македонија во ЕУ, а против се 47 отсто. За членството на Албанија во Унијата позитивно се изјасниле 22 проценти, а 51 отсто се против. Австријците не гледаат благонаклоно ниту кон членството на Косово во ЕУ, така што за се изјасниле 16 проценти од испитаниците, додека поддршката за Босна и Херцеговина изнесува 29 отсто. Србија има 24 проценти поддршка, а Црна Гора еден отсто помалку. Претходно, Франција и Холандија имаа резерва и беа против тоа Македонија и Албанија да почнат преговори со ЕУ. 

foto freepik.com/user17364411

Слично

Поврзани вести