ДУРАКУ ТВРДИ ДЕКА ВО 2001 ГОДИНА ИМАЛЕ EДЕН ВОД СОСТАВЕН ОД РОМИ: Вели дека е невозможно да постои државата ако нема уставни измени
Носителот на листа во Изборната единица 2 од Европскиот фронт – Садула Дураку вели дека невозможно е да постои државата доколку не се спроведат уставните измени
Членот на ДУИ на ТВ21 рече дека ваквото одолговлекување од ВМРО-ДПМНЕ се прави само за политички интереси пред изборите, но, според него, откако ќе завршат изборите и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати уставните измени.
„ВМРО доколку се вистински државници, дека ја сакаат земјата, ќе ги спроведат уставните измени. А тие кои сакаат да добијат поени за еден ден или два за дневна политика, тие не ги спроведуваат уставните измени. Затоа ние го создадовме фронтот. Затоа сега имаме мисија која треба да ја завршиме. Не може оваа држава една ВМРО или СДСМ да ја водат кај сакаат“, вели Дураку.
Рече дека оваа држава не е само нивна, е и на Албанците, и на Ромите.„Тие изигруваат господари на оваа држава како да е само нивна. Тоа е погрешно, голема грешка. Треба да го сменат пристапот, иако веќе го смениле“, вели Дураку.
Носителот на листата на „Европскиот Фронт“ во изборната единица 2, Садула Дураку вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека во 2001 година имале еден вод составен од Роми.
