Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дуња Мијатовиќ бара поголема безбедност за новинарите

Дуња Мијатовиќ бара поголема безбедност за новинарите

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, реагираше по нападот на новинарот Борјан Јовановски. 

Според неа, тоа е уште еден бесрамен обид за замолчување.

„Ова е неприфатливо однесување. Уште еден бесрамен обид за замолчување на храбриот новинар Борјан Јовановски. Надлежните мора да ја осигураат неговата безбедност“ - напиша денеска Мијатовиќ на својот Твитер профил.

Претходно Мијатовиќ ги осуди зачестените напади на новинари во Скопје, откако новинар и снимател беа нападнати на протест на иницијативата „За заедничка Македонија“. 

Новинарите мора да бидат во можност да ја вршат својата работа на слободна и безбедна средина, додаде Мијатовиќ. 

Слично

Поврзани вести