Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дулови: Големо НЕ за Киро Глигоров на скопскиот аеродром

Дулови: Големо НЕ за Киро Глигоров на скопскиот аеродром

Новинарот Лирим Дулови се противи на идејата дадена од дипломатскиот клуб аеродромот во Скопје повторно да се преименува во Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија.

Според Дулови, ако тој треба да бира помеѓу сегашното име Александар Велики и Киро Глигоров, би се одлучил сепак за првото. Дулови на Фејсбук истакна дека Глигоров за него е асоцијација на дискриминација и нееднаквост кон Албанците во 90-тите години.

Процесот на менување на имиња, на повторни општествени промени и остранување на споменици може да биде нов повод за поделби како и несогласување, особено во албанскиот блок каде ќе треба да се постигне согласност за тоа кои историски личности се прифатливи и според нив.

Слично

Поврзани вести