Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУКОВСКИ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ: „Адвокатот на Мадуро живее, дише и спие со кривичните судења“

ДУКОВСКИ СО ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ: „Адвокатот на Мадуро живее, дише и спие со кривичните судења“

Познатиот македонски адвокат Дашо Дуковски, објави статус на социјалните мрежи со пофални зборови за адвокатот што ќе го брани претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

„Barry J.Pollack, врвен кривичен адвокат со огромно искуство ќе го застапува Николас Мадуро , киднапираниот претседател на Венецуела, пред федералниот суд во Њујорк.

Него, комората на кривични адвокати на САД го опишува дека ,

" живее, дише и спие со кривичните судења".

(" lives, breathes and sleeps trials).

Го застапуваше Џулијан Асанж и издејствува

plea bargain или по наше спогодба со Американските власти по кој Асанж беше пуштен на слобода.

Бидејќи сум сигурен дека Мадуро нема да има фер судење, радосен сум што ќе има одличен адвокат.

Ќе ги гледаме "најголемите демократи" и борци за владеење на правото во светот како ќе го водат овој процес.

Живо ме интересира!“, напиша тој.




Слично

Поврзани вести