Економија, финансии, бизнис

Контакт

Дуќанот на братот на Артан Групи излепен со „промоции“

Дуќанот на братот на Артан Групи излепен со „промоции“

Фото

Деловниот простор на братот на првиот вицепремиер Артан Груби во центарот на Скопје на улица Македонија, кој според опозицијата е купен по многу поевтина цена од реалната, утринава осамна излепен со „промотивни огласи“ во герила акција.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини братот на Груби дека купил деловен простор за 659 евра за квадратен метар што е нереално за оваа локација.  Засега нема официјална реакција од надлежните органи, па поединци преминаа во герила акција да го искажат своето незадоволство од можната злоупотреба на власта.

Груби претходно изјави дека деловниот простор не е купен од страна на фирмата на неговиот брат, туку е купен со хипотекарен кредит, земен од физичко лице, кој ќе се отплаќа 20 години.

– Јас немам ништо заедничко со таа компанија или со бизнисот на брат ми кој е 20 години во туризмот, истакна тој.

На прашањето како е можно простор во центарот на Скопје да чини 100.000 евра, тој вели дека толку е хипотекарниот кредит, за кој си има своја гаранција.


Слично

Поврзани вести