ДУИ „во шок“, Стоилковиќ ќе го наследи Груби: Србин со путинистички убедувања!
Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, реагираше на одлуката на ВМРО-ДПМНЕ од редовите на својата предизборна коалиција да го предложи Иван Стоилковиќ за вицепремиер и прв човек на министерството за односи со заедниците кое инаку го води Артан Груби.
Името на претседателот на Демократската партија на Србите синоќа го објави мандатарот Христијан Мицкоски при откривањето на предлозите за министри во идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗАНМ.
“Охридскиот договор за прв пат по 2001 година во рацете на Србин со путинистички убедувања! Промената штотуку започна!“, напиша Адеми на Фејсбук.
Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“ откако претходно за нив доби едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата.
