Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ВО ОПОЗИЦИЈА НЕ Е ПОВИК ЗА ЕТНИЧКИ СУДИР: ВМРО-ДПМНЕ вели дека местото на партијата на Ахмети е во опозиција

ДУИ ВО ОПОЗИЦИЈА НЕ Е ПОВИК ЗА ЕТНИЧКИ СУДИР: ВМРО-ДПМНЕ вели дека местото на партијата на Ахмети е во опозиција

ДУИ продолжува со манипулации и со злоупотреба на меѓуетничките односи за да ја прикрие вистината – дека нивното место во опозиција е резултат на демократската одлука на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставот на ДУИ.

„Изјавите на премиерот Мицкоски не се закана, туку потврда дека Македонија влегува во нова ера на еднаквост и правда, каде што нема недопирливи и привилегирани. Она што ДУИ го нарекува „поттик за етнички судир“ е всушност крајот на нивното 20-годишно владеење со корупција, клиентелизам и злоупотреба на етничката карта за лични привилегии“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија посочуваат дека ДУИ треба да разбере дека демократијата значи почитување на волјата на народот.

„Секој граѓанин – Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав, Ром или Бошњак – заслужува држава со силни институции и еднакви можности. Тоа е патот по кој Владата чекори. ДУИ треба да разбере: демократијата значи почитување на волјата на народот. А волјата на народот е тие да седат во опозиција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЧИСТИ КЛЕВЕТИ, НЕГОВАТА ВЛАДА ГО КРШИ УСТАВОТ: ДУИ реагира на изјавата на Мицкоски

ЧЕТИРИ ГОДИНИ ПОТОА, НЕМАТЕ НИТУ ЕДНА АФЕРА: Мицкоски на „политички саем“ ги пофали градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Слично

Поврзани вести