Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство

За денешниот инцидент во Собранието се јавија и од Демократската унија за интеграција(ДУИ). Тие најостро го осудува, како што велат во нивното соопштение, насилството што денеска на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО- ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за Албанците.

„Секогаш кога тема на расправа и на дневен ред во Собранието е воспоставувањето правда во државата, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците провоцираат вербално и физичко насилство со цел да го заштитат криминалот и секогаш се појавуваат против правилното функционирање на правосудниот систем. Денеска на седницата на Комисијата за европски прашања уште еднаш се докажа дека ВМРО -ДПМНЕ и другите опозициски партии со насилство ја блокираа работата на Комисијата и токму пратениците кои се под истрага, поттикнаа инцидент и ја прекинаа седницата“, стои во соопштението. 

Демократската унија за интеграција ги информира граѓаните и пошироката јавност дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападно-американски дух и ќе ја поддржи реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, по денешниот инцидент во Собранието и физичката пресметка помеѓу претседателот на Комисијата за европски прашања Арбр Адеми и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, на Фејсбук напиша дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски нема придонесено ништо за државата, освен поделба и национализам и по тоа ќе биде запаметен.

Слично

Поврзани вести