ДУИ: Веднаш да почне меѓународно мониториран ветинг
ДУИ бара веднаш да почне меѓународно мониториран ветинг.
„Јасно е дека секое доцнење во овој процес само ќе ги засили сомнежите на граѓаните за вистинската посветеност кон борбата против корупцијата. Бараме веднаш да започне меѓународно мониториран ветинг за секој политичар во последните триесет години. Овој процес треба да биде транспарентен и независен, со вклучување на меѓународен надзор за да се обезбеди правда и доверливост“, велат од ДУИ.
Наесен можно е да има протести. ДУИ оваа опција не ја исклучува.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека партијата на Али Ахмети не може да се помири со тоа што не се повеќе власт и не може да вртат милионски бизниси на грбот на државата.
Слично
