Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ утре ќе поддржи уште еден „двотретински“ закон

ДУИ утре ќе поддржи уште еден „двотретински“ закон

ДУИ утре како опозициска партија ќе ги поддржи измените на Законот за локална самоуправа, за чие усвојување потребно е парламентарно двотретинско мнозинство,објави ТВ 24.

Со законските измени се предвидува продолжување на мандатот на актуелните в.д. градоначалници во Сарај, Аеродром и Гостивар до редовните локални избори во октомври идната година.

Инаку, пратениците од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ во јуни годинава гласаа и за Законот за реорганизација на органите на државата управа, за чие усвојување, исто така, беше потребно двотретинско мнозинство.

За да бидат усвоени, измените треба да добијат двотретинско, но и Бадентерово мнозинство од пратениците, а доколку предлог-законот не помине, инаку во Сарај, Аеродром и Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за градоначалници.



Слично

Поврзани вести