ДУИ со прв изборен состанок, ќе се насочат кон гласачите во дијаспората
ДУИ го одржа првиот партиски состанок во пресрет на изборите на кои очекуваат да освојат најмногу гласови од албанскиот блок и со тоа повторно да влезат во новата влада.
- Апсолутно демократско право е дека треба да се почитува гласот на граѓаните на Македонија, и ние остануваме на тој курс, дека секогаш гласот на народот е тој што треба да се престави во Собрание или во кои било други институции – изјави Беким Незири шефот на изборниот штаб на ДУИ.
Програмата за изборите ќе биде усвоена во наредниот период кога ќе започне и изборната кампања, а ДУИ ќе се насочи и кон гласачите во дијаспората од кои очекува голема поддршка.
Слично
