ДУИ со ист градоначалник ќе се трка на локалните избори во Кичево
Партијата на Али Ахмети на октомвриските локални избори за Кичево ќе се „бори“ со актуелниот градоначалник Фатмир Дехари.
Дехари повторно ќе се трка за општинската фотелја а за тоа според пишувањата на дел од медиумите кои се повикуваат на партијата, добил поддршка од 35 локални совети и другите локални партиски форуми.
Фатмир Дехари е роден на 17.09.1974 год. во село Србица – Кичево.
Основното училиште го завршил во својот роден крај, а средното во градот Елбасан, Република Албанија. Факултетот го завршил на Унивезитетот во Приштина во 1998 година. После дипломирањето, работи како професор во гимназијата ” Џевдет Дода ” во Приштина, а во 2001 премина како асистент во Приштинскиот и Тетовскиот Универзитет. Истата 2001 година се приклучува во ОНА (UÇK) и достигнува до називот Висок воин офицер на штабот од ОНА (UÇK).
После завршувањето на војната во Македонија и прогласувањето на примирјето, во 2002-2006 година е назначен заменик министер за внатрешни работи. Во 2008 работи и како директор на ПТТ-Подрачна единица во Кичево. На локалните избори во 2009 е избран за градоначалник на тогашната општина Осломеј.
Во 2011 магистрира, а после тоа во 2015 докторира на Универзитетот во Тирана, на Факултетот за социјални науки – Департмент на социјални работи и политики и се стекна со звање Др. на Социјални работи. Предава на Државниот Универзитет во Тетово. Има течно познавање на францускиот јазик, англискиот, српско-хрватски и македонскиот јазик. Тој е оженет и татко на три деца.
