Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ СЕ СОБРА ВО МАЛА РЕЧИЦА: По Законот за јазици во кој правец ќе се движат?

ДУИ СЕ СОБРА ВО МАЛА РЕЧИЦА: По Законот за јазици во кој правец ќе се движат?

Централното Претседателство на ДУИ, го поздрави усвојувањето на Законот за употреба на јазиците, кој се изгласа вчера во Собранието, соопштија од Мала Речица каде заседава највисокиот партиски орган.

Од партијата велат дека усвојувањето на Законот „го симболизира заклучувањето на нормативниот дел на Охридскиот договор“.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот состанок во седиштетото на партијата во Тетово се осврнал на политичката активност на партијата и на главните достигнувања во изминатите 17 години, на победите во изборните процеси и на партиските конгреси.

„Пред нас останува силно да се адресираат и реформите на владеењето на правото и спорот за името како предуслов за членство во НАТО и ЕУ“ - стои во соопштението од партијата.

Состанокот на раководството на ДУИ почна со едноминутно молчење во чест на генералниот секретар на партијата Абдилаќим Адеми, кој почина минатиот месец.

Слично

Поврзани вести