Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ се радува со Ганиу, БЕСА се жали на нерегуларности

ДУИ се радува со Ганиу, БЕСА се жали на нерегуларности

Висар Ганиу победи по трет пат за конечно да биде официјализирана неговата функција како нов градоначалник на ДУИ. Ганиу веќе добива честитки од сопартијците кои располагаат со почетните неофицијални податоци од денешното прегласување на избирачкото место 2901 во општина Чаир во училиштетот Лирија.

Ганиу успеа да ја задржи предноста од вториот круг и не се случи никаков пресврт со неговиот против кандидат Зеќирија Ибрахими кој беше дел од коалицијата меѓу БЕСА и Алијансата за Албанците.

По завршувањето на денешното прегласување БЕСА преку медиумите се пожали на нови изборни нерегуларности, на притисоци врз гласачи и одземање на документи за идентификација на граѓани. 

Денес само во општина Чаир се одржа прегласување откако Управниот суд прифати еден приговор за нерегуларности од страна на БЕСА. Ганиу ја има и поддршката од СДСМ.

Слично

Поврзани вести