ДУИ се откажа од консензуален кандидат?
Од ДУИ одлучија дека партијата на претседателските избори ќе оди со свој кандидат. Ова го соопшти вечерва вицепремиерот Бујар Османи по средбата со претседателството во Мала Речица. Вели дека партијата не ја исклучува можноста за соработка со други партии за кандидат за претседателските избори, доколку за тоа со создадат услови.
„Претседателсвото го овласти претседателот на партијата да може да разговара и со другите албански политички партии за евентуален концепт на заедничко излегување на овие избори или пак со другите политички партии на другите етнички заедници заради концептот консензуален какдидат, но доколку се создадат такви предуслови“, рече Османи.
Тој истака дека вечерва во партијата ќе продолжат да разговараат за други точки, како внатрешното организирање на партијата и други актуелности во државата.
Со месеци наназад се говореше за заеднички настап на СДСМ и ДУИ на претседателските избори кои ќе се одржат во април. Во меѓувреме, СДСМ го измери рејтингот на повеќе кандидати, при што високо котира Стево Пендаровски, објави ТВ 21.
