„ДУИ СЕ ОБИДЕ ДА И ДАДЕ ПОЛИТИЧКА ДИМЕНЗИЈА НА ТРАГЕДИЈАТА, МАНИПУЛИРА СО СЕМЕЕН КОНФЛИКТ“: Вреди со контрареплика
Коалицијата ВЛЕН реагира со најдлабока индигнација за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
- Особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
Но, случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката.
ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист - нагласуваат од партијата во соопштението испратено до медиумите.
Додаваат дека ДУИ биле демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.
- ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина.
Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“.
Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот.
ВЛЕН јасно стои на ставот дека безбедноста на граѓаните е одговорност на институциите, а не тема за кампања - нагласуваат на крајот од соопштението.
- Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Липково, кој беше застрелан од маскирани лица. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега - кажаа од ДУИ, со апел до партиското членство, поддржувачите и симпатизерите да останати смирени, да не подлегнуваат на провокации.
Во знак на солидарност, ДУИ најави дека ги стопира активностите од кампањата за локaлните избори.
Повеќе на темата:
Во Куманово пукано во носител на советничка листа на ДУИ
ОБЈАВЕНО ВИДЕО ОД КУМАНОВО: Од улица пука кон Шаини, па бега
Полицијата ја уапси сопругата на Шахини од ДУИ кој беше ранет во Куманово
