Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Сакавме да знаеме што мисли Мицкоски за уставното име

ДУИ: Сакавме да знаеме што мисли Мицкоски за уставното име

Денеска излегоа проширени детали од синоќешната средба помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а во истите се вели дека средбата била информативна, за да се слушнат ставовите на водачот на најголемата македонска опозициска партија за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.

Вчера по средбата Мицкоски – Ахмети која дошла на барање на лидерот на ДУИ, од таму излегоа со став во кој воопшто не се криеше дека се сондирал теренот за идна соработка со ВМРО-ДПМНЕ

„Господинот Ахмети денеска имаше средба со господинот Мицкоски и на таа средба се разгледани главните програмски точки и дали во иднина можат да се поклопат тие на ДУИ со оние на господинот Мицкоски. Што се однесува за договорот од Преспа, го прифаќа или не новото име на државата, другото прашање е каква е визијата на господинот Мицкоски за проблемот со Бугарија, кој е клучен за да се отворат преговорите со ЕУ. Ова се точките кои отвораат можност за соработка со господинот Мицкоски или не, во иднина доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори“ се вели во соопштението на ДУИ.

Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ само рекоа дека средбата била получасовна и се одржала на барање на Ахмети.


Слично

Поврзани вести