Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

ДУИ ПРАШУВА: Дали е вистина дека еден обвинител се повлекол од истрагата, и зошто само Крешник Бектеши останува во притвор?

Опозициската ДУИ денеска преку соопштение до јавноста излезе со прашање до власта, зошто се повлекол јавен обвинител кој бил дел од истрагата за пожарот во Кочани. 

Информациите дека еден јавен обвинител, кој бил дел од истрагата за трагичниот настан во Кочани, се повлекол од предметот поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество, се вели во соопштеието испратено од Демократската унија за интеграција.

„Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука. Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бектеши, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда. Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација.

Бараме јавно и веднаш обвинителството да одговори пред граѓаните: Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага? Ќе дозволи ли обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата? Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага?

Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка. Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури. Не браниме поединци, туку ја браниме правдата како принцип – еднаква за сите“, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

Слично

Поврзани вести