ДУИ повторно реагира: Осум нови вработени, ниту еден Албанец
Демократската унија за интеграција (ДУИ) реагираше на 8 нововработени во Централниот регистар, меѓу кои, според нив, нема Албанци. Според ДУИ, овој развој на настаните е последица на укинувањето на Балансерот како механизам.
„Апелираме до униетничката Влада итно да го запре овој опасен тренд и да ги врати механизмите на еднаквост и правда во државните институции. Што се однесува до таканаречените остатоци од владата, повеќе од јасно е дека никој не ги прашува за мислење за која било институционална одлука. Тие немаат ниту влијание ниту авторитет.“, соопшти ДУИ.
Партијата на Али Ахмети изминатиов период во повеќе наврати реагира на, како што го оценуваат, шокантниот дисбаланс при распределбата на работни места во институциите според етничка припадност.
Претходно од таму реагираа минатата недела во Државниот архив на Северна Македонија биле ангажирани 14 нови вработени, од кои сите Македонци и ниту еден Албанец.
