ДУИ ПОТВРДИ: Назначувањето на Лазар Еленовски е по наш предлог
Од Демократската унија за интеграција попладнево потврдија дека назначувањето на Лазар Еленовски за специјален пратеник на Владата во НАТО е на нивни предлог.
Од партијата велат и дека исто како и во 2012 година, кога Еленовски беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, тој доаѓа на оваа позиција како кадровско решение предложено од ДУИ.
Додаваат дека Еленовски е професионалец и дека се уверени дека со своето знаење и искуство ќе даде значителен придонес во остварувањето на евроинтегративните аспирации на Македонија.
Еленовски е поранешен претседател на Социјалдемократската унија и поранешен министер за одбрана.
Владата синоќа на седница го назначи Лазар Еленовски за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел.
Слично
