Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ ПОРАЧУВА: Македонските партии ќе немаат мнозинство, ќе мора да го прифатат барањето за премиер Албанец

ДУИ ПОРАЧУВА: Македонските партии ќе немаат мнозинство, ќе мора да го прифатат барањето за премиер Албанец

Македонските партии ќе мора да го прифатат барањето на ДУИ за премиер Албанец и тоа со еден силен и унифициран Албански глас, бидејќи ниту една од нив нема да го има потребното мнозинство во Собранието без поддршката на Албанците, соопштуваат денеска од ДУИ.

Според оваа партија, и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против тоа Албанците да бидат на врвот на власта, но како што истануваат во нивното соопштение, ако заедницата се обедини, нема да можат да ги спречат.

-На овие избори ние целиме кон првиот премиер Албанец и ако Албанците се обединат зад оваа кауза, ние тоа ќе го оствариме. После три децении на двоецот на македонската власт, време е за една нова епоха во политиката, каде Албанците ќе го заземат нивниот еднаков дел од власта и ќе имаме први премиер Албанец во Македонија – велат од ДУИ.


Слично

Поврзани вести