Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Поддршката за Али Ахмети расте по секој фрлен камен и клевета

ДУИ: Поддршката за Али Ахмети расте по секој фрлен камен и клевета

Партијата на коалициониот партнер на владеачката гарнитура тврди дека поддршката на Албанците за Али Ахмети и ДУИ од Струга до Куманово и Липково расте по секоја објавена клевета и по секој фрлен камен.

Од ДУИ денеска ги осудија тенденциозните последователни клевети кои ги објавуваат одредени медиуми без никаква одговорност за вистината и без никаква почит за јавноста, велат од партијата.

„Агендата на Претседателот Ахмети за вчерашниот ден беше концентрирана во Тетово и во големиот собир на граѓаните на Чаир во Скопје, додека, не беше предвидена никаква посета во Општина Липково или село Опае. Слободата на изразување не значи слобода за клевета и измама кон јавноста, а уште помалку да се манипулира една семејна трагедија за одредени цели. 

Некои медиуми се ставени целосно да служат за распределба на измами и поттикнување на изборно насилство повикувајќи се за организирање на насилни настани кон најголемата партија на Албанците и лидерот на Албанците, Али Ахмети“, реагираат од ДУИ.

Од кабинетот на Ахмети велат дека граѓаните кај него можеле да најдат мир, безбедност, стабилност и покрај сите понуди за насилство, интриги и клевети/

Слично

Поврзани вести