Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор

ДУИ почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор

ДУИ во сабота почнува граѓанска иницијатива во Тетово за заштита на Рамковниот договор. 

Во сабота почнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор, соопштија денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Поводот за собирот е последната одлука на Уставниот суд за укинување на имињата на улиците во Тетово, кои важеа цели две децении.

Од партијата посочуваат дека незадоволството на граѓаните е многу пошироко бидејќи постепено се намалуваат правата што произлегуваат од Охридскиот договор.

„Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението од ДУИ.

Од ДУИ потенцираат дека Советот на Општина Тетово своевремено ја донел одлуката со законско двојно мнозинство, но дека актуелната локална власт воопшто не ја бранела пред Судот.

Според партијата, овој чекор на Уставниот суд создава опасен преседан за правната сигурност на државата, особено пред претстојното одлучување за Законот за употреба на јазиците.

Слично

Поврзани вести