Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Патиките на Груби чинат 138, а не над 450 евра

ДУИ: Патиките на Груби чинат 138, а не над 450 евра

Од ДУИ реагираат на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека вицепремиерот Артан Груби носел патики поскапи од 450 евра во кабинетот и сакал да биде „Еди Рама од АлиЕкспрес“ со марката „Off-White“

ДУИ вели дека ВМРО-ДПМНЕ е фабврика за лажни вести со прилог дека патиките на министерот за политички систем и координатор за изградба на новите автопати чинат 138 евра, симнати на попуст од 212 евра.

„Во прилог ви испраќаме докази за цената на патиките за кои, замислете, се состана Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира лажна вест по налог на нивниот претседавач во неговата дневна збирка“ стои во соопштението на ДУИ. 

ВМРО-ДПМНЕ утринава го критикуваше вицепремиерот Груби за неговата облека и стил. 

„Артан Груби ја игра улогата на моден гуру и замислете, пред целата македонска јавност се облекува во патики кои во Македонија чинат колку една плата. Артан Груби вчера смеејќи се пред целата македонска јавност се пофали со патиките кои чинат над 450 евра“, наведе ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести