ДУИ ОДРЖА СЕДНИЦА ВО МАЛА РЕЧИЦА: Ќе има ли оставки?
Демократската унија за интеграција (ДУИ) одлучи наскоро да организира конгрес.
ДУИ денеска одржа седница на Централното претседателство во партиското седиште во Мала Речица. Една од главните одлуки е одржување на партиски конгрес најдоцна до 20 декември.
„Дискутиравме за политичките и внатрешните развои во ДУИ, за коалицијата и за останатите прашања. Имајќи го предвид истечениот рок за партиски конгрес и политичките развои во државата, е одлучено конгресот да се организира до 20 декември“, изјави потпретседателот и портпарол на партијата, Арбер Адеми.
На прашање дали се разговарало за оставки по резултатите од локалните избори, Адеми рече дека тоа не било тема за дискусија, бидејќи ќе се одржат внатрепартиски избори.
Тој исто така информираше дека на седницата е формиран организационен одбор за конгресот, кој ќе брои осум партиски членови.
