Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Од двајца нови директори на ФЗО, ниту еден не е Албанец

ДУИ: Од двајца нови директори на ФЗО, ниту еден не е Албанец

ДУИ упати реакција на владината одлука во Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да се назначат Сашо Клековски и Бранко Аџигогов за двајца директори. Со заминувањето на Асаф Абдурамани, од таму реагираат дека оваа институција повеќе нема да биде раководена од етнички Албанец.

„Таквата влада, која не ја одразува различноста и легитимитетот на нашиот народ, оди по опасен пат кој ги поткопува основните принципи на еднаквост и правда во нашата земја.

Оваа акција е во целосна спротивност со духот на Охридскиот договор и заштитните механизми за еднаква застапеност на сите етнички заедници.

Сметаме дека отстранувањето на Албанците од главните институции не е само неправда кон нашата заедница, туку и закана за стабилноста и меѓуетничката хармонија во Северна Македонија“,реагираат „интегративците“ во дел од соопштението.

Од ДУИ додаваат дека оваа институција за прв пат по 12 години ќе нема раководител Албанец.

Слично

Поврзани вести