ДУИ: Ние немаме и не може да имаме одговорност за инцидентите кои немаат врска со ДУИ
Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.
„Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентите кои немаат врска со Демократката унија за интеграција и за Демократската унија за интеграција“- се вели во соопштението на ДУИ.
Слично
