Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ: Не сме доволно застапени во Народна банка и МЕПСО

ДУИ: Не сме доволно застапени во Народна банка и МЕПСО

Демократската унија за интеграција, повикувајќи се на извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции во државните институции, смета дека тие не учествуваат на раководни позиции во институции како Народната банка, или јавни друштва како МЕПСО.

„Според анализа објавена во неколку медиуми, Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции, вклучително и Претседателството, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за спорт, Народната банка, МЕПСО и Агенцијата за администрација.

Овој диспропорционален однос е особено загрижувачки по укинувањето на механизмот „Балансер“ од страна на Уставниот суд на 9 октомври 2024 година, кој претходно обезбедуваше правична застапеност на заедниците во државната администрација. По оваа одлука, отсуството на ново законско решение доведе до исклучување на Албанците од клучните одлучувачки позиции.

ДУИ потенцира дека правичната и соодветна застапеност на сите заедници претставува темелен столб на Охридскиот договор и предуслов за еднакво и демократско општество. Апелираме до надлежните институции итно да преземат мерки за надминување на оваа нееднаквост и да обезбедат правична застапеност на Албанците на сите нивоа во јавната администрација.

ДУИ останува посветена на унапредувањето на еднаквоста, правичната застапеност и целосната интеграција на Албанците во институционалниот живот на државата“, гласи реакцијата на ДУИ.


Слично

Поврзани вести