Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ не донесе одлука, Македонија вечерва ќе нема Влада

ДУИ не донесе одлука, Македонија вечерва ќе нема Влада

Портпаролот на ДУИ ја соопшти вечерашнава одлука на партијата на Али Ахмети. Бујар Османи рече дека имало конструктивна дебата но сепак, ситуацијата била деликатна и немале доволно аргументи да се определат за било која од опциите.

„Немаме доволно аргументи да се определиме за ниту една од 5-те опции кои ДУИ ги има веќе подолго време искомуницирано со јавноста“, рече Османи.

ДУИ ќе продолжи во наредните денови да ја разгледува ситуацијата и да преговара со сите партии се додека не ја донесе вистинската одлука, рече Османи.

На полноќ истекува рокот . Извесно е дека Никола Груевски ќе го пробие рокот за составување на нов владин кабинет бидејќи нема парламентарно мнозинство.

Македонија вечерва ќе нема Влада, а дали Груевски ќе го врати мандатот е неизвесно.


Слично

Поврзани вести