Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДУИ не брза со реконструкција на Владата, поважни се преговорите за името

ДУИ не брза со реконструкција на Владата, поважни се преговорите за името

Функционери на ДУИ за Дојче веле тврдат дека „е рано за најавената реконструкција на премиерот Зоран Заев“, иако премиерот од подамна ја најави истата. Најверојатно коалициониот партнер е причината што досега нема промени во егзекутивата, бидејќи од таму сметаат дека приоритет во моментов се преговорите за промена на името и силите треба да се насочат на тоа подрачје.

„Сега не е најсоодветно време за тоа. По препораката од ЕК земјава ја чекаат сериозни обврски од кои зависи клучниот епилог - да добие датум за преговори. Тоа значи дека во претстојниот период ќе има интензивни разговори за решавање на спорот за името, со цел до крајот на мај да се дојде до решение. Од тој аспект, не е добро да се прави реконструкција во таков политички сензитивен период, кога сите напори и ресурси треба да бидат фокусирани во оваа насока. Реконструкцијата може да почека кон крајот на мај или во јуни. Сега ќе се разговара за проширување на парламентарното мнозинство“, велат извори од ДУИ.

Изјавата на премиерот Заев дека до крајот на април ќе има реконструкција на Владата, е модифицирана со најава дека до крајот на месецот треба да завршат разговорите за проширување на парламентарното мнозинство. Десетина дена претходно, тој најавуваше реконструкција на Владата до крајот на април. Тој најави дека под лупа се резултатите на министрите, директорите и замениците-министри.




Слично

Поврзани вести